ФУДБАЛ

Постигнат договор: Муса Дембеле е нов жител на Мадрид

Според француските новинари, Лион го ослободи Муса Дембеле во Мадрид.

Лион и Атлетико најдоа заеднички јазик, а зделката е Дембеле да биде позајмен на „Ванда Метрополитано“ до крајот на сезоната, по што Атлетико би добил право да го откупи договорот за 35 милиони евра.

Откупот на договорот не е задолжителен и тоа ќе зависи од игрите на Дембеле во Мадрид, додека Лион ќе го замени играчот со Ислам Слимани.

Дембеле е 24-годишен напаѓач кој играше за Фулам и Селтик, а во Лион е од 2018 година. Досега играше за помладите селекции на Франција, но се верува дека наскоро ќе стане член на сениорската селекција.