Францускиот „Le10Sport“ ги известува нивните ексклузивни сознанија дека напаѓачот на Лил, Виктор Осимен, даде зелено светло за неговиот трансфер во Наполи.
За иднината на младиот Нигериец се шпекулира веќе долго време. Поточно, постојат шпекулации за гиганти подготвени да издвојат огромни пари за неговите услуги.
Наводно, првично Осимен сакал да остане во Лил барем уште една сезона, со цел понатамошен напредок и да докаже дека минатата сезона не била случајност. Се чини дека ова нема да се случи на крајот на краиштата.
„Le10Sport“ пишува дека Осимен се согласил на трансферот во Наполи, но и дека се договорени сите други услови, па наскоро Нигериецот треба да биде официјално претставен како нов играч на клубот од Сан Паоло.
Осимен веќе бил во Неапол, придружуван од неговите претставници. Потоа, тој имаше можност да го види градот, а претставниците на клубот му го претставија проектот и го убедија дека има голема шанса да ја добие главната улога во тимот.
Засега, трансферот на Османи е „безбеден“, а Наполи ќе плати 80 милиони евра за неговите услуги. Сепак, го има дефанзивецот Габриел, кој исто така е баран од голем број европски клубови. И Бразилецот многу лесно можеш да патува во Неапол за дополнителни 25 милиони евра.
Значи, Наполи е подготвен да потроши дури 105 милиони евра за дуото на Лил.
Доколку Виктор Осмиен навистина го засили Наполи за 80 милиони евра, италијанскиот клуб ќе го сруши сопствениот трансфер рекорд. Од друга страна, Лил ќе го изедначи нивниот најголем трансфер во заминување (Николас Пепе во Арсенал).