ФУДБАЛ

Постигнат договор: Серхио Агуеро нов играч на Барселона

Се чини дека заврши една од многуте трансфер „сапуници“.

Барселона објави слика на Агуеро на своите социјални мрежи, а угледниот Гол исто така објави дека Агуеро е новиот фудбалер на Барселона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FC Barcelona (@fcbarcelona)

Така, искусниот напаѓач ќе му се приклучи на Лионел Меси во редовите на Барселона, а за овој трансфер се шпекулираше во претходните сезони.

Агуеро помина богата деценија во редовите на Манчестер Сити, но останува штета што не успеа да ја освои Лигата на шампионите.

Имаше шанса за викендот, но во финалето беа поразени од Челзи со 0:1.

Според пишувањата на шпанските медиуми, каталонскиот гигант ќе добие големо засилување, Агуеро доаѓа како слободен играч, а играчот и клубот постигнаа договор.

Откако потпиша за Барса, тој веднаш лета за Аргентина, која се подготвува за Копа Америка.

Агуеро вчера испрати проштална порака до навивачите на Сити кои засекогаш ќе го паметат како икона на клубот.

Одличниот аргентински напаѓач на заминувањето од Манчестер изјави:

„Горд сум на овој тим и што ги носам овие бои толку многу години. Манчестер Сити – засекогаш во моето срце“, рече Агуеро.