ФУДБАЛ

Постигнат договор: Серхио Агуеро во Барселона до 2023, клаузула 100 милиони евра!

Се чини дека заврши една од многуте трансфер „сапуници“.

Барселона објави слика на Агуеро на своите социјални мрежи, а угледните медиуми исто така објавија дека Агуеро е новиот фудбалер на Барселона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FC Barcelona (@fcbarcelona)

Така, искусниот напаѓач ќе му се приклучи на Лионел Меси во редовите на Барселона, а за овој трансфер се шпекулираше во претходните сезони.

Агуеро помина богата деценија во редовите на Манчестер Сити, но останува штета што не успеа да ја освои Лигата на шампионите.

Имаше шанса за тоа викендот, но во финалето беа поразени од Челзи со 0:1.

Според пишувањата на шпанските медиуми, каталонскиот гигант наскоро треба да ја официјализира оваа работа, а Агуеро доаѓа како слободен агент, а наводно играчот и клубот постигнале договор.

Откако ќе потпише за Барса, тој веднаш лета за Аргентина, која се подготвува за Копа Америка.

Агуеро вчера испрати проштална порака до навивачите на Сити кои засекогаш ќе го паметат како икона на клубот.

Одличниот аргентински напаѓач на заминувањето од Манчестер изјави:

“Горд сум на овој тим и што ги носев овие бои толку многу години. Манчестер Сити – засекогаш во моето срце”, рече Агуеро.