ФУДБАЛ

Постигнат е договор: Гризман на први јули ќе потпише за нов клуб

Англискиот „Телеграф“ објави дека Антоан Гризман од 1-ви јули ќе стане официјален член на шпанскиот гигант.

Гризман веќе долго време е поврзан со најголемите клубови во светот, но очигледно е дека за неколку дена ќе стане член на Барселона, која најмногу се интересираше за неговите услуги.

Претседателот на Барса, Џозеп Марија Бартомеу одби да открие дали Гризман ќе дојде, но „Телеграф“ рече дека Гризман е нов член на Барселона за 120 милиони евра.

Износот што Барселона ќе го плати е всушност клаузулата од договорот на Гризман со Атлетико, а играчот претходно потврди дека го напушта Мадрид.

„Сите знаеме каде ќе игра Гризман следната сезона. Сите знаеме веќе од март. Неговиот нов клуб е Барселона“, изјави поранешниот менаџер на Атлетико, Гил Марин.

Сега тој со нетрпение го чека на 1 јули и конечната потврда за трансферот на Гризман во Барселона, иако беше кажано дека францускиот репрезентативец ќе замине за Париз, но очигледно неговата желба е да продолжи да игра во Ла Лига.

ПОВРЗАНО

Ла Лига