ФУДБАЛ

Постигнат е договор, Маркос Алонсо се сели во Шпанија

Маркос Алонсо е вишок во Челзи и е пред потпис за нов клуб.

Според извештаите на шпанските медиуми, Алонсо кариерата ќе ја продолжи во Атлетико Мадрид.

Френк Лампард веќе некое време не смета на искусниот Шпанец, па „јорганџиите“ наводно веќе постигнале договор со „сините“.

Атлетико ќе го донесе Алонсо на позајмица до крајот на сезоната и ќе покрие 50% од неговата плата, додека остатокот ќе го плати Челзи.

Инаку, овој 29-годишник, кој помина низ младинската школа на Реал, има договор со Челзи на уште три години.