Хари Кејн, еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, реши да го напушти Тотенхем за конечно да започне да освојува трофеи во кариерата.
Кејн наскоро ќе наполни 28 години, веќе десет години го носи дресот на Тотенхем со неколку позајмици, но на неговото трпение му дојде крај.
Петлите не се во можност да ги исполнат личните амбиции на Кејн, па голгетерот реши да ја промени средината. Како што стојат работите сега тој ќе остане на Островот.
„Дејли Мирор“ наведува дека неговиот следен клуб треба да биде Манчестер Сити, особено по постигнатиот договор меѓу „граѓаните“ и „петлите“.
Имено, Тотенхем и Сити се согласија дека други играчи нема да бидат вклучени во трансферот, така што тимот од Лондон има намера да прифати само пари, а не и можна размена со други играчи.
На Тотенхем ќе му бидат потребни пари за да ги обноват своите играчи и да донесат достојна замена за најдобриот стрелец во Премиер лигата минатата сезона со 23 постигнати голови.