ФУДБАЛ

Постигнат неочекуван договор: Лацио се засилува од Реал

Денес во италијанските медиуми се појавија информации дека Лацио е многу близу до склучување на договорот и доведување на Борја Мајорал од Реал Мадрид.

23-годишниот напаѓач неодамна се врати во Реал откако му истече заемот во Леванте, но за него, очигледно нема да има место во првиот тим на „Кралевите“ во иднина.

Затоа Реал реши да го продаде, а наводно веќе е постигнат договор со Лацио.

Наведено е дека е договорена сума од 15 милиони евра и дека Мајорал наскоро ќе отпатува за Рим каде ќе заработи 2,5 до 2,7 милиони евра по сезона, со дополнителни бонуси.

Исто така, се верува дека договор е постигнат меѓу Лацио и Реал што ќе им даде предност на „Кралевите“ во однос на останатите клубови, доколку Мајорал оди на продажба во иднина и мадридските гиганти се заинтересирани да го вратат на Бернабеу.

Мајорал одигра 34 натпревари за Леванте минатата сезона во Ла Лига, постигна осум гола и забележа две асистенции.

 

ПОВРЗАНО

Ла Лига