Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, изјави дека постои можност трансферот на Антоан Гризнам од Атлетико Мадрид во Барселона, да биде блокиран поради несогласувањето помеѓу двата клуба за финансиските детали на истиот.
Гризнам пристигна во Барселона за 120 милиони евра откако неговата клаузула за откуп падна на таа бројка на 1-ви јули. Пред тоа изнесуваше 200 милиони евра.
Во меѓувреме, Атлетико Мадрид тврди дека договорот е склучен пред 1-ви јули, и дека, според тоа, Барселона мора да плати целосна откупна клаузула од 200 милиони евра.
Атлетико започна жалбена постапка. Се бара блокирање и не издавање на лиценца на Гризнам во дресот на Барселона.
Денес претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, потврди дека пристигна жалбата на Атлетико, но, исто така, рече дека трансферот може да биде блокиран.
„Можно е да го блокира трансферот на играчот. Ла Лига ќе мора да одлучи кој потег ќе го повлече. Атлетико упати апел и не стави во дилема дали треба да му поминеме на Гризман за лиценца во Барселона. Процесот веќе започна, а оние кои го следат, ќе мора да го решат случајот“, рече е Тебас за БиБиСи Спорт.