ФУДБАЛ

Постојат двајца кандидати за наследник на Зинедин Зидан

Раководството на Реал Мадрид има двајца кандидати за тренерското место доколку Зинедин Зидан реши да го напушти клубот на крајот на сезоната.

Скоро сите медиуми пишуваат дека следната улога на Зидан е селектор на француската репрезентација, но и со Јувентус, па се зборува многу за неговото заминување од Реал.

Денес, шпанскиот весник АС донесе имиња на двајца кандидати за негов наследник во Мадрид, и ова се многу добро познати имиња.

Потенцијални кандидати за клупата на Кралевите се актуелниот германски тренер Јоаким Лев, кој по 15 години реши да ја напушти функцијата и легендата на Реал и тренер на Б тимот, Раул Гонзалес.

Голема е веројатноста некој од нив да го наследи Зидан на клупата на мадридскиот великан, но останува да видиме дали навистина ќе се случи неговото заминување.