ФУДБАЛ

Потегот на Бејл по победата на Велс предизвика дополнителен бес кај навивачите на Реал Мадрид

Репрезентацијата на Велс синоќа ја совлада Унгарија и се квалификуваше на Европското првенство.

Велшаните славеа со 2-0 со двата гола постигнати од играчот на Јувентус, Арон Ремзи.

Неколку дена порано, Велс го совлада Азербејџан во гостувањето со 2-0, а во двата од овие натпревари настапи и Герет Бејл.

Не би било изненадување Бејл ако претходно не пропуштеше шест натпревари за Реал Мадрид поради повреда, сега се опорави преку ноќ и одигра два натпревари за репрезентацијата.

Бејл исто така сака да игра голф, што го правел тоа додека бил повреден, а поранешниот директор на Реал, Пеја Мијатовиќ неодамна во една колумна напиша дека на Бејл на прво место му е Велс, потоа голфот, и дека играњето за клубот во Мадрид беше на последно место.

Велшанецот синоќа исто така реши да го потврди ова, а по победата со соиграчите и со голема насмевка на лицето го држеше знамето на Велс на кое пишуваше: „Велс-голф-Мадрид, по тој редослед“.

На обожавателите на Реал не им се допадна ова, па веќе на социјалните мрежи го покажаа своето незадоволство и сакаат Кралскиот клуб дефинитивно да се ослободи од Велшанецот, а прашање е како сега тој ќе биде пречекан на „Сантијаго Бернабеу“.

https://twitter.com/LarissaTurko/status/1196925981870764039

https://twitter.com/Madridlovatic/status/1196934362337599488