ФУДБАЛ

Потегот на Лопетеги од соблекувалната на „Камп Ноу” е доказ дека знаел што му се спрема

Од вечерва, Јулен Лопетеги не е тренер на Реал Мадрид. Катастрофалните резултати од почетокот на сезоната и вчерашниот пораз од Барса беа премногу за Реал, а воедно и за претседателот Флорентино Перез.

Доколку веруваме на шпанските медиуми, по вчерашниот дебакл од „Камп Ноу” и самиот Лопетеги бил сигурен дека ќе добие отказ.

Валвердеовата екипа и без Меси го уништи Реал, а Лопетеги по натпреварот неколку пати се опрости од сите играчи во соблекувалната на Реал Мадрид.

Дури и играчите биле сигурни дека ќе добие отказ уште вчера, пренесуваат некои шпански медиуми, а „Марка“ соопштува дека многу од нив денес биле изненадени кога не го виделе Лопетеги на тренингот.