Лидс Јунајтед никогаш не е поблизу до враќање во Премиер лигата, особено по денешната убедлива победа од 3:0 над Фулам.
Стрелец на вториот гол за Лидс беше нашиот репрезентативец Езџан Алиоски. Тоа беше петти погодок ова сеона за него.
Алиоски се потруди по натпреварот повеќе да се зборува за неговиот аплауз пред навивачите од картон отколку за самиот гол.
Имено, по последниот судиски свиреж, 28-годишниот фудбалер реши да аплаудира кон картонските навивачи, од кои околу 15.000 беа поставени на „Еланд Роуд“.
Патем, Лидс Јунајтед има 74 бода по 39 кола и ја предводи табелата.
https://twitter.com/Simply_Leeds/status/1276912061352742912