ФУДБАЛ

Потегот за пофалба: Меси вчера на тренингот ги изненади своите соиграчи

Фудбалерите на Барселона утре играат дома против Интер во рамки на третото коло од групната фаза од Лигата на шампионите.

Во првите два круга, Каталонскиот клуб забележа победи против ПСВ и Тотенхем, а утре се очекува да се сретнат со својот стар ривал. Барса во овој натпревар е значително ослабена бидејќи нема да може да смета на капитенот Лионел Меси кој ќе биде најмалку три недели надвор од теренот поради повреда на раката.

Повредата на Меси за Барселона дојде во најлош момент кога им следи тежок распоред. Покрај двата натпревари со Интер, аргентинскиот фудбалер, исто така, овој викенд ќе го пропушти Ел Класико против Реал Мадрид.

Неговото закрепнување од повреда веќе започна, а Меси вчера ги изненади своите соиграчи. Тој се појави во тренинг-центарот на Барса за да им даде поддршка на своите соиграчи и ги мотивираше за исклучително тешките натпревари против Интер и Реал Мадрид.