Менаџерот на Челзи, Греам Потер, беше задоволен од играта на својот тим, но и разочаран од резултатот.
Челзи беше поразен во Дортмунд со 1:0 во првиот осминафинален натпревар, но според прикажаното заслужи многу повеќе.
„Одигравме одлично, особено второто полувреме. Создадовме многу шанси и заслуживме барем еднаш да ја затресеме нивната мрежа. Разочарани сме од голот што го примивме. Тоа беше од контранапад во моменти кога бевме поблиску до гол. Не скрши. Разочарувачки е, но мора да продолжиме вака. Се беше одлично, само треба да постигнеме гол“, изјави Греам Потер .
И покрај поразот, фудбалерите на Челзи беа пречекани со овации од своите навивачи.
„Ја видовте реакцијата на публиката, тие беа навистина позитивни. Тие ги гледаат перформансите и односот на тимот, ние сме тим во развој и имаше навистина многу добри работи вечерва. Се разбира, секогаш ви треба малку среќа, но не можете да ја чекате среќата, мора да продолжите да работите. Момците беа фантастични, но ние се уште страдаме во моментов. Ќе продолжиме да работиме и ќе продолжиме да се подобруваме“, заклучи Потер .
Реваншот е закажан за 7 март на Стемфорд Бриџ.
A narrow defeat in the first leg of the tie. pic.twitter.com/jiQFcuxcjl
— Chelsea FC (@ChelseaFC) February 15, 2023
