ФУДБАЛ

Потписот на Киелини е само формалност

Иако фудбалот запре во скоро секоја земја, тоа не значи дека во клубовите запре сè.

Веќе се прават планови за следната сезона, размислувајќи за потенцијално засилување и какви фудбалери да ги задржат во клубот. Јувентус е пример за ова.

„La Gazzetta dello Sport“ претходно објави дека Бјанконерите решиле да потпишат нов договор со ветеранот Џанлуиџи Буфон, а сега, како што се пишува во Италија, сè е договорено и со Џорџо Киелини.

Киелини (35) е ставен во прашање дали ќе игра за Јувентус следната сезона, бидејќи го пропушти поголемиот дел од сезоната поради повреда, но на крајот се согласи на сите услови да ја продолжи соработката.

„Киелини останува. Тој договори сè со Јувентус, потписот е само формалност“, се наведува.

Киелини е во Јувентус од 2005 година.