ФУДБАЛ

Потрошена милијарда, а Покетино веќе предупредува: „Вратата ви е отворена“

Фудбалскиот тренер на Челзи, Маурисио Покетино ги предупреди новите играчи дека не смее да има опуштање и покрај богатите и долгорочни договори кои ги имаат со клубот.

Од доаѓањето на Тод Боли на чело на клубот, Челзи потроши речиси една милијарда евра на засилувања. Во меѓувреме пристигна нов тренер во форма на Маурисио Покетино, кој ќе има задача оваа млада група момци да ја претвори во шампион.

Начинот на кој Челзи го избегна финансискиот фер-плеј е доста интересен, но може да биде и контрапродуктивен. Имено, играчите добија договори со важност до осум години од моменталниот момент, што секако е невообичаено. Но, на овој начин го амортизираа обештетувањето на фудбалерите и со тоа добија повеќе рати за помалку пари.

„Фудбалерите кои не се среќни и не се подготвени да се борат за своето место и не чувствуваат дека се дел од тимот или не играат, вратата е отворена. Ако имаш договор на осум години, мора да бидеш одговорен и покажете ја почитта и квалитетот што се очекува“, рече Покетино.