ФУДБАЛ

Потврден е нов ангажман: Шпанецот го напушта Ливерпул по седум години и 11 настапи за првиот тим

Нант потврди дека е потпишан тригодишен договор со Педро Чиривело, кој сè уште е официјален играч на Ливерпул.

23-годишниот шпански репрезентативец официјално ќе го комплетира трансферот во Нант, кога истекува неговиот договор со Ливерпул на крајот на јуни.

Иако поседува завидни технички способности, Чиривело никогаш не доби вистинска шанса на „Енфилд“, па неговото заминување од Ливерпул одамна се очекуваше.

Педро Чиривело беше донесен во редовите на Ливерпул, како голем талент, уште во 2013 година од младинската екипа на Валенсија.

Како 18-годишник, тој беше префрлен во тимот на Ливерпул У23 (резерва), но тој остана таму – кога не беше на позајмица, играше за резервите на „црвените“.

За време на неговите седум години на „Енфилд“, тој успеа да собере само 11 настапи за првиот тим на Ливерпул.