Македонскиот Олимписки Комитет го објави официјалниот состав на македонската делегација што ќе ја претставува нашата држава на претстојните XXV Зимски олимписки игри, кои ќе се одржат во Милано и Кортина, Италија.
Македонскиот тим патува за Италија со четири потврдени олимписки норми. Честа да ги носат националните олимписки обележја и да се натпреваруваат со светската елита ја имаат следните спортисти:
Нордиско трчање (Крос-кантри):
Ана Цветановска – Дисциплини: Спринт и Интервал старт 10 км
Ставре Јада – Дисциплини: Спринт и Интервал старт 10 км
Алпско скијање:
Јана Атанасовска – Дисциплини: Слалом и Велеслалом
Мирко Лазарески – Дисциплини: Слалом и Велеслалом
