Завршен е првиот трансфер од висок профил во англиската Премиер лига за следната сезона.
Бразилецот Диего Крлос (29) е новиот играч на Астон Вила, потврдија медиумите за Островот.
Споменатиот фудбалер доаѓа од редовите на Севилја. За неговите услуги беа заинтересирани и посилни клубови како Тотенхем и Арсенал, но на крајот тимот од Бирмингем беше најбрз и најконкретен во целата приказна.
Претходно се пишуваше дека Карлос ги договорил деталите од договорот со Њукасл, но тоа беше дезинформација на островските медиуми и овој Бразилец ќе биде жител на Бирмингем.
Aston Villa can confirm the club has reached an agreement with Sevilla FC for the transfer of Diego Carlos for an undisclosed fee.
— Aston Villa (@AVFCOfficial) May 26, 2022
Астон Вила до крајот на денот ќе го официјализира трансферот на клупските канали преку социјалните мрежи, а Карлос денеска треба да ги заврши лекарските прегледи.
Трансферот е вреден околу 45 милиони евра.
Култниот клуб од Бирмингем сака следната сезона да има сериозна улога во Премиер лигата и да биде во борба за Европа по неколку години пауза, а судејќи по првата работа, почнаа многу сериозно.