ФУДБАЛ

Потврден трансферот на Касемиро во Манчестер Јунајтед!

Бразилскиот играч за врска Касемиро (30) е нов играч на Манчестер Јунајтед.

 

Реал Мадрид се согласи да го продаде 30-годишниот фудбалер кој договори соработка со Манчестер Јунајтед и кариерата ја продолжува на Олд Трафорд.

 

Кралевите го потврдија заминувањето на Касемиро и му се заблагодарија за соработката.

„Касемиро секогаш ќе биде дел од нашиот клуб. Исклучителен играч кој даде се од себе за Реал Мадрид“.

 

„Нашиот клуб секогаш ќе биде негов дом. Нему и на неговото семејство му посакуваме се најдобро во новата фаза од животот.

Касемиро ќе потпише четиригодишен договор со „црвените ѓаволи“ со можност за продолжување на соработката на уште една сезона.

Бразилскиот фудбалер е член на Реал Мадрид од 2013 година. Накратко играше како позајмен во Порто, но по враќањето стана незаменлив член на тимот.

 

Со Реал Бразилецот зеде се што можеше. Освои дури 18 трофеи, од кои пет во Лигата на шампионите.

 

Вкупно, бразилскиот играч за врска одигра 336 натпревари во дресот на кралскиот клуб и постигна 31 гол.

Претставувањето на овој фудбалер како нов член на Јунајтед ќе биде одржано во наредните денови, а од актуелните соиграчи ќе се прости во понеделник.

 

Наводната вредност на трансферот е околу 60 милиони фунти.