Борусија Дортмунд е свесна дека нема да може да го задржи Џуд Белингем на лето.
Извршниот директор Ханс-Јоаким Вацке не крие дека „милионерите“ тешко ќе одолеат на понудите од врвните клубови доколку на лето тргнат по Белингем.
“По Катар, ќе разговараме за желбите на Џуд. Тој само треба да ни каже дали сака да замине или да остане. Ако има големи клубови вклучени, нема да можеме да се бориме со нив финансиски. Џуд е прекрасен човек, еден од најголемите таленти во европскиот фудбал и не е ни чудо што сите го посакуваат“ , рече Вацке и со тоа ја отвори вратата за неговото заминување.
Секако, зад сè дефинитивно се крие баснословната цифра од 150 милиони евра што ги бара Борусија и колку се подготвени да платат. Наводно, најмногу во трката се Ливерпул, Манчестер Сити и Реал Мадрид и тешко дека некој клуб ќе може да се вклучи во трката со нив.