Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед реши да го врати Серхио Регилон во редовите на Тотенхем.
Шпанецот дојде на позајмица во текот на летниот преоден рок поради повредите на Тајлер Маласија и Лук Шо. Сепак, тој не играше и не покажа ништо, одигра 14 натпревари, но на теренот мина само 655 минути.
Ерик тен Хаг наскоро повторно ќе може да смета на Шо и Маласија, а со оглед на тоа што по левата страна играше и Диого Дало, јасно е дека Регилон е поброен.
Сепак, тој не е ниту во плановите на Анже Постекоглу, па се очекува Регилон да замине на нова позајмица до крајот на сезоната.
Пред него Манчестер Јунајтед го напушти и Дони ван де Бик, кој замина на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт.
