ФУДБАЛ

Повеќе не се грижат дали Дембеле ќе го продолжи договорот: Барселона најде одлична замена за Французинот!

Барселона се уште се надева дека Усман Дембеле ќе го продолжи договорот и ќе остане во клубот.

Познато е дека Дембеле има соработка со Барселона до крајот на оваа сезона, а како што стојат работите на лето, тој ќе го промени клубот без обештетување.

Сепак, по одличните односи со Чави, многумина се надеваат дека ова ќе направи пресврт и дека Дембеле на крајот на сезоната ќе се согласи да го продолжи договорот и да остане во Барселона.

Но, јасно е дека каталонскиот клуб не смее да биде премногу опуштен, а шпанските медиуми пишуваат дека веќе имаат резервна опција доколку Дембеле реши кариерата да ја продолжи во друг клуб.

Каталонскиот „Спорт“ објави дека Рафиња е на мета на Барселона, тој пружа одлични игри во дресот на Лидс. Јасно е дека Бразилецот летово ќе го напушти Лидс, а се чини дека Барселона би можела да биде неговата следна дестинација.

И Фабрицио Романо денеска објави дека Рафиња покажал желба да замине во Барселона на лето, а преговорите се веќе започнати.

Во се е вмешан и поранешниот играч на каталонскиот клуб Деко, а стана јасно дека Рафиња нема ништо против да дојде на Камп Ноу. Сепак, Барселона допрва треба да стапи во контакт со Лидс и да разговара со нив на оваа тема, но се очекува наскоро да контактира со нив.

Според медиумите во Шпанија, доколку Барселона одлучи да го купи Рафиња, за него ќе треба да плати околу 35 милиони евра.

Претходно овој фудбалер беше поврзуван со трансфер во Челзи и таму речиси се беше договорено, но преговорите прекинаа поради проблемите во кои се најде лондонскиот клуб поради санкциите кои ги доби.