ФУДБАЛ

Повеќе од 100 заразени во изминатите седум дена во Премиер лигата

Во последните две кола од тестирањето за корона вирусот, помеѓу 20 и 26 декември, 103 лица добија позитивни резултати во Премиер лигата.

Според официјалното соопштение, во тој период се направени 15.186 тестови. Утврдени се 103 лица заразени, што е најголем број од почетокот на тестирањето во англиското првенство.

Се додава дека безбедноста на сите е приоритет на Премиер лигата која ги презеде сите мерки на претпазливост. Ова значи повеќе тестирање на играчите и персоналот на клубот – секој прави антигенски тестови пред тимските активности и ПЦР двапати неделно.

Исто така, носењето маска за лице е задолжително во затворени простории, а од сите се бара да држат дистанца.

Лигата продолжува да работи со клубовите, како и со надлежните раководни и стручни тела.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига