Ливерпул и Реал Мадрид синоќа играа во финалето на Лигата на шампионите, а на крајот кралскиот клуб успеа да победи со 1-0.
Познато е дека натпреварот во Париз доцнеше повеќе од половина час поради проблеми кои се случуваа пред стадионот.
Голем број навивачи на Ливерпул се обиделе да влезат на стадионот без билети, што на некои им успеало, а на крајот навивачите кои имале билети останале пред стадионот.
Очигледно е дека некои не ни знаеле дека натпреварот е пролонгиран затоа што следеле еден стрим на Јутјуб, а тоа е меч помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид од играта на ПЕС.
Во тој момент на Јутјуб се појави овој стрим за кој преку 3.000 фанови мислеа дека е вистински натпревар, а натпреварот го следеа неколку минути и воопшто не сфатија дека се работи за игра.
Тоа го сфатија дури кога се појавија коментарите и добија објаснување дека мечот во Париз се уште не е ни започнат.
Plus de 2000 personnes regardent un stream FIFA 22, pensant être devant la #UCLfinal 😭 pic.twitter.com/fG8OoaFQLW
— Vibes Foot (@VibesFoot) May 28, 2022