ФУДБАЛ

Повик до Мбапе: Знам дека ќе дојдеш порано или подоцна

Килијан Мбапе летово беше блиску до Реал Мадрид, но ПСЖ сепак одлучи да го задржи.

Мбапе има договор до крајот на сезоната и парижаните се подготвени да го загубат дури и бесплатно, но не сакаа да си замине летово. Тие ги отфрлија астрономските бројки што ги понуди Реал, иако самиот Французин имаше желба да се приклучи на редовите на мадридскиот тим.

Неговиот соиграч од репрезентацијата Карим Бензема е убеден дека Мбапе ќе дојде порано или подоцна.

„Навистина сакав Мбапе да ми се придружи ова лето во Реал Мадрид, но знам дека порано или подоцна ќе дојде кај нас“, изјави Бензема за француските медиуми.

Мбапе има можност од први јануари 2022 година да потпише преддоговор со Реал или клубот во кој сака да оди без надомест летово.

Парижаните одбија 200 милиони евра пред неколку дена, иако многумина веруваа дека ќе ја прифатат понудата, особено поради фактот што го доведоа Лионел Меси.