ФУДБАЛ

Повик на Мурињо до Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо е на излезната врата од Јувентус.

Скај Италија вчера објави дека новиот тренер на Старата дама Масимилијано Алегри не смета на услугите на португалската sвезда и дека планира да изгради тим околу Пол Дибала.

Кристијано веќе некое време се поврзува со заминувањето од Торино, а најмногу се зборува за враќањето во Манчестер јунајтед и Спортинг од Лисабон.

Сепак, италијанските медиуми денес објавија дека новиот тренер на Рома, Жозе Мурињо го повикал Кристијано и сакал да слушне кои се неговите намери за продолжување на кариерата.

Наводно, Специјалниот му предложил на Роналдо да дојде во Рома со цел да продолжи да има плата со даночно олеснување, бидејќи тој би платил многу поголем процент на данок на плата на кое било друго место отколку што е случај во Италија.

Сепак, Ла Стампа тврди дека мали се шансите Роналдо да дојде во Рома. Неговата плата од 31 милион евра годишно е навистина огромна и ретко кој сака да ја исплати, а римскиот тим со сите сили се обидува да се ослободи од огромните договори што ги има со одредени играчи.

Засега, Кристијано се уште е обврзан со договор со Јувентус, но ќе видиме дали ќе игра таму следната сезона.

Минатата сезона, Роналдо заврши како најдобар стрелец во Серија А со 29 погодоци, а откако пристигна во Јувентус во 2018 година, тој постигна 101 гол на 133 настапи.

Мурињо и Роналдо еден период соработуваа во Реал Мадрид и Специјал никогаш не го криеше фактот дека го смета Роналдо за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

ПОВРЗАНО

Серија А