ФУДБАЛ

Повратник на теренот: Цел свет утре ќе го гледа натпреварот Брентфорд – Њукасл

Кристијан Ериксен се враќа на теренот.

Неколку месеци откако доживеа срцев удар на Европското првенство на мечот меѓу Данска и Финска, одличниот фудбалер повторно ќе игра фудбал и ќе биде дел од тимот на Брентфорд на дуелот против Њукасл.

Ова го потврди менаџерот на Брентфорд, Томас Френк.

„Ериксен ќе биде во тимот и ќе добие шанса да игра. Тоа ќе биде одличен момент за сите нас, а особено за Кристијан и неговото семејство“, рече Франк.

Ериксен оваа зима пристигна од Интер во Брентфорд и извесно е дека неговото враќање на терените ќе привлече големо внимание ширум светот.

Данскиот фудбалер во Брентфорд пристигна од Интер, каде не можеше да добие дозвола за настап поради строгите правила за играчите со срцеви проблеми.