ФУДБАЛ

Повраток на Сусо на големата врата во Шпанија

Фудбалерот на Милан, Хесус Сусо, постојано се поврзува со напуштањето на тимот.

Како што објавија италијанските медиуми, Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за да го донесе овој 24-годишен фудбалер кој има неколку добри сезони во дресот на Росониерите.

Кралевите се подготвени да платат 38 милиони евра од клаузулата за откуп и сакаат уште во јануари да го ангажираат.

Сепак, ќе има жестока конкуренција. Челзи исто така е заинтересиран за неговите услуги, а преговорите со лондонскиот тим веќе започнаа.

Милан се обидува да ја подигне цената и прави сé за клаузулата од 38 милиони евра да ја исфрлат надвор од договорот, бидејќи веруваат дека шпанскиот играч вреди многу повеќе.

Ако потпише за Реал, тоа ќе биде одлично враќање на Сусо во Шпанија, каде што играше само една професионална сезона во тимот на Алмерија, како позајмен играч од Ливерпул.