Фудбалерите на Барселона синоќа дома ја победија Севиља со 4:2 во дербито од 9. коло од шпанската Ла Лига, но овој триумф беше засенет од повредата на Лионел Меси.
Меси фантастично го отвори натпреварот и му асистираше на Кутињо за 1:0 во втората минута, а десет минути подоцна влезе во листата на стрелците кога двојно ја зголеми предноста на Барселона. Сепак, неколку минути подоцна, Камп Ноу се стиши кога Меси остана да лежи на теренот по дуетот со Васкез.
Аргентинецот претрпе повреда на раката што јасно можеше да се види на успорената снимка, а навивачите се надеваа дека не е сериозно. По натпреварот, се зборуваше дека ја скрши раката и дека Меси го чека долга пауза, но за среќа тоа не е вистина.
Барселона се огласи на официјалната веб-страница и потврди дека Меси претрпе повреда на раката, но и дека не е толку сериозно колку што изгледа. Меси ќе биде надвор од теренот три недели, а за Каталонците најлошо е што нема да игра на следниот натпревар, на големото дерби против Реал Мадрид.
Според прогнозите од Барселона, Меси ќе ги пропушти следните пет натпревари, вклучувајќи и две големи дерби следната недела. Барса прво ќе биде домаќин на Интер на домашен терен во Лигата на шампионите, а неколку дена подоцна му доаѓа лутиот ривал Реал Мадрид. Покрај тоа, Меси нема да игра против Леонеса, Рајо Валекано и Бетис.
❗ [INJURY NEWS] Leo #Messi fractures arm in 4-2 over Sevilla. More details 👉 https://t.co/w3VkoQHzZM
— FC Barcelona (@FCBarcelona) October 21, 2018