ФУДБАЛ

Повредите им создаваат нови проблеми Барселона

Екипата на Барселона има многу проблеми со повредите оваа сезона.

Од коло во коло имаше по некој повреден што го одделуваше од теренот одреден период, а по натпреварот против Севилја во Копа дел Реј, двајца важни фудбалери се пожалија на повреди.

Тоа се Усман Дембеле и Жерард Пике. Тие денес ќе извршат дополнителни прегледи, по што ќе се утврди сериозноста на повредата што ја носат.

Сепак, се верува дека повредите не се опасни и дека и двајцата ќе бидат подготвени за следната акција против Осасуна за викендот.

Барселона синоќа успеа да се пласира во финалето на Купот на кралот, а се уште се кандидати за титулата во шампионатот.