Екипата на Јувентус е во нови проблеми, откако се повреди уште еден фудбалер.
Станува збор за Арон Ремзи кој нема да го игра следниот натпревар на Велс против Бугарија, а причината е повредата.
Сè уште не е јасно точно за каква повреда станува збор, но Ремзи пред неколку дена играше за националниот тим против Република Ирска.
Очигледно е дека тој се повреди на еден од тренинзите, и ова се нови проблеми за тимот на Јувентус, а прашање е за каква повреда станува збор.
Ова е особено лошо со оглед на фактот дека Роналдо нема да биде достапен некое време затоа што е позитивен на коронавирус.