ФУДБАЛ

Повторно хулиганско лудило на трибините (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Марсеј и ПАОК од Конференциската лига вечерва ќе биде под посебна придружба на сите. Причината се навивачите на двата тима кои се подготвуваат за хаос.

Пред овој дуел, хулиганите на Марсеј го нападнаа хотелот во кој се наоѓаше делегацијата на грчкиот тим, а испадите беа префрлени на трибините на познатиот Велодром.

Навивачите на Марсеј се обидуваат на секој начин да се пресметаат со навивачите на ПАОК. Запалени факели летаат од една на друга трибина и ова може да биде долга ноќ за сите во Марсеј.

Ова не е ништо за навивачите на францускиот великан. Тие се познати како хулиганска група на која не и е прв пат да прават големи инциденти.

Клубот често плаќаше казни за нив, трибините беа затворени, но тешко е да се дојде до главните хулигани и да се замолат да не прават вакви работи.