Манчестер Јунајтед со пораз ја отвори сезоната во Лига Европа.
„Црвените ѓаволи“ се сретнаа со Реал Сосиедад на „Олд Трафорд“ во 1. коло од Лига Европа, а на крајот гостите славеа победа од 1:0.
Манчестер Јунајтед беше поконкретен тим во првото полувреме. Домашните се обидуваа да направат нешто, постигнаа гол преку Кристијано Роналдо, но ВАР интервенираше и му го поништи првиот сезонски гол на португалскиот напаѓач.
Првото полувреме заврши без голови (0:0), а понатамт видоа многу повеќе возбудувања, како и единствениот гол на вечерашниот натпревар.
Гостите од Шпанија поведоа во 59. минута. Марко Гуида досуди пенал откако Лисандро Мартинез играше со рака во шеснаесетникот, а ВАР потоа ја потврди неговата одлука.
Браис Мендез ја намести топката на белата точка. Тој без премногу мака го победи Де Хеа и му донесе водство на својот тим од 1:0.
Јунајтед потоа тргна на израмнување. Тен Хег се обиде да ја промени ситуацијата на теренот со одредени промени, но не успеа.
Јунајтед имаше неколку обиди кон голот. Сепак, во најголем дел обидите беа безопасни и остана 1:0 за Реал Сосиедад.
Тимот од Манчестер на тој начин со пораз ја започна сезоната во Европа и беше прекината серијата од четири победи во кои беа „црвените ѓаволи“.