ФУДБАЛ

Повторно се огласи Лука Јовиќ

Во последните неколку дена српскиот напаѓач Лука Јовиќ беше центарот на вниманието на јавноста во неговата земја.

Имено, Јовиќ се врати од Мадрид, во Белград поради пандемијата на коронавирус, но не отиде во изолација.

Фотографиран е на улиците на Белград, а поради тоа претрпе големи критики од јавноста, прашувајќи дали има привилегирани лица во целата ситуација.

Лидерите на Србија му се заканија на Јовиќ со затвор, но се чинеше дека сè брзо се смири.

Сега е во карантин, изјавувајќи дека во слободното време игра ФИФА.

„Здраво на сите, како што можете да видите, ние сме во карантин, ние го трошиме времето играјќи ФИФА. Се надевам дека сте добро. Останете во куќата и не ги ставајте вашите најблиски во опасност. Се надевам дека ќе ве видам што поскоро. Голем поздрав до сите“, напиша Јовиќ.

На српскиот напаѓач не му оди баш најдобро во Реал, па се зголемуваат шпекулациите дека тој наскоро може да биде на позајмица. Англија се споменува како можна дестинација.

https://www.instagram.com/p/B-K57LXBJNt/?utm_source=ig_embed