Џорџинио Вајналдум се најавуваше како големо засилување на ПСЖ, но во Париз воопшто не се истакнува.
Како што сега стојат работите, холандскиот играч за врска ќе остане во Париз само една сезона, по што ќе следи враќање во Премиер лигата.
Англиските медиуми пишуваат дека Вајналдум на лето ќе потпише за Астон Вила откако Стивен Џерард реши да му ги додели клучевите од средниот ред на овој 31-годишен фудбалер.
Се чини дека немаат ништо против трансферот во ПСЖ, а веќе ја одредиле цената за која ќе го продадат. Станува збор за цифра од 25 милиони евра.
Со оглед на тоа што летово пристигна потполно бесплатно, продажбата на Вајнладум на парискиот клуб ќе му гарантира одлична заработка.
За очајната форма на поранешниот играч на Ливерпул најдобро говори неговата статистика против Ница кога ПСЖ загуби со 1-0.
Холандскиот играч за врска играше конечно од првата минута, но не успеа да ја оправда довербата на Покетино. Вајналдум на теренот мина 91 минута, навивачите останаа шокирани кога ја видоа статистиката на неговиот тим по натпреварот.
Имено, неверојатно е дека Вијналдум, кој е играч од средниот ред на овој меч, имаше само 28 допири со топката. Колку очајно тоа најдобро говори податокот дека и голманот на ПСЖ, Кејлор Навас, имаше повеќе контакт со топката од него (34).
Вајналдум беше во контакт со топката само девет пати во првото полувреме, што е навистина поразително за него. И тогаш Навас беше подобар од него бидејќи во првото полувреме имаше 19 допири со топката.