Фудбалерот негира дека ја силувал девојката, а германскиот бундеслигаш постојано комуницира со своите адвокати.
Бројни светски медиуми објавија дека 25-годишниот фудбалер заедно со уште еден маж е уапсен под обвинение за силување на 18-годишна девојка на Ибица.
Како што пишува британски Сан, девојката имала повреди по телото, па веднаш завршила во болница. Двајцата осомничени од средата се во притвор и чекаат распит на кој ќе се одлучува дали ќе платат кауција или ќе бидат задржани во притвор.
– Двајца германски државјани се уапсени откако жената и кажала на полицијата дека била сексуално нападната на Ибица – изјави портпаролот на Граѓанската гарда на Ибица.
#VfB-Mittelfeldspieler Atakan #Karazor ist in seinem Urlaub auf Ibiza festgenommen worden. Er bestreitet jede strafbare Handlung. Der VfB ist mit seinen Anwälten in ständigem Kontakt.
🗞️👇 Zur Meldung: https://t.co/PsYGfJEZ8g— VfB Stuttgart 1893 (@VfB) June 11, 2022
Првично не се знаеше кој е фудбалерот, но сега е откриено дека се работи за играчот од средниот ред на Штутгарт, Атакан Каразор.
– Играчот од средниот ред на Штутгарт, Атакан Каразор е уапсен додека бил на одмор на Ибица. Тој негира било каква криминална активност. Штутгарт е во постојан контакт со адвокатите – соопштија од германскиот клуб.