Новиот тренер на Барселона, Куман, наводно порачал на раководството на Барселона да го контактираат Лион за можноста за откуп на договорот на Мемфис Депај. Екс играчот на Манчестер Јунајтед, наводно е првата желба на Куман за нападот на Барселона.
Самиот играч беше запрашан за интересот на Барселона, а тој одговори дека во моментов е играч на Лион и концентриран е исклучиво на настапите за овој тим. Сепак додава дека не се знае што носи иднината.
Во Франција почна новата сезона. Лион славеше со 4:1 против Дижон, а Депај постигна три голови.
Холанѓанецот од 2017-та година е во Лион, одигра 103 мечеви и постигна 46 голови.