ФУДБАЛ

Познатата Теодора предвидува апсолутно се, сега ни откри неколку големи трансфери кои следат!

Парапсихологот Теодора Стефанова стана фокус на пошироката јавност благодарение на точните предвидувања во спортот.

Жената со бугарско потекло веќе 20 години живее во Италија и предвидуваше многу работи, па порача дека италијанската репрезентација ќе го освои Европското првенство во 2021 година, а Кака од Реал Мадрид ќе се врати во Милано. Ова се само дел од работите кои таа ги предвиде.

Таа сега за италијанскиот печат откри неколку трансфери кои според неа ќе се случат на лето.

Таа тврди дека италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума ќе го напушти ПСЖ поради тоа што брани помалку отколку во Италија, а во Јувентус ќе се врати Пол Погба.

Исто така тврди дека Старата дама ќе се откаже од услугите на Де Лихт, Бернардески и Куадрадо, додека Душан Влаховиќ, играчот на Фиорентина и најелегантниот напаѓач во Европа, најверојатно ќе го купи Манчестер Сити.

„Донарума ќе го напушти ПСЖ за да замине во Англија, а Заниоло ќе ја напушти Рома. Што се однесува до Ибрахимовиќ, тој останува во Милан, но како член на стручниот штаб, а ако замине некаде, тоа ќе биде Монца. Јувентус ќе го продаде Де Лихт на лето, а ќе се фокусира на миланскиот Ромањоли“, изјави Теодора.

Стефанова го привлече вниманието на навивачите во Италија кога предвиде дека Бразилецот Кака ќе се врати во Милан, откако тој се пресели во Реал Мадрид во 2009 година. Навистина, Јужноамериканецот се врати на Сан Сиро во 2013 година.

„Многу обожаватели ме исмејуваа, но јас секогаш верував во тоа и на крајот бев во право“, рече Стефанова, а треба да почекаме неколку месеци за да дознаеме каква моќ всушност има оваа жена и дали навистина може да предвиди некои работи.