ФУДБАЛ

Познати двојките од осминафиналето на конференциската лига на УЕФА

Новото натпреварување во Конференциската лига на УЕФА полека влегува во највозбудливиот дел.

Во Нион денеска се одржа ждрепката за осминафиналето на споменатото натпреварување, а иако ова е трето најсилно клупско натпреварување во Европа, возбудувања нема да недостасуваат.

Така, во осминафиналето на првото издание на Конференциската лига на УЕФА ќе ги следиме дуелите:

Марсеј – Базел

Лестер – Рен

ПАОК – Гент

Витесе – Рома

ПСВ Ајндховен – Копенхаген

Славија Прага – ЛАСК Линц

Бодо / Глимт – АЗ Алкмар

Партизан – Феенорд

Првите осминафинални натпревари ќе се играат на 10 март, а реваншите се закажани за 17 март.

На ова да додадеме дека премиерното финале на Конференциската лига на УЕФА ќе се одигра на 25 мај годинава во Тирана на стадионот Арена Комбетаре.