Најстарото фудбалско натпреварување во светот, англискиот ФА Куп полека врие.
По квалификациите и првото коло од главниот ждреб, познати се двојките и второто коло кое е закажано за 3-6 декември.
Во ова коло ќе има многу возбудувања, а клубовите ќе бараат пласман во третото коло кое ќе се игра првиот викенд од јануари, а во третото коло ќе се приклучат клубовите од Премиершип и Чемпионшип.
Од дуелот од второто коло се издвојуваат натпреварите Портмсаут – Харогејт, Волсал – Свиндон, Рокдејл – Плимут.
Интересно може да биде и на дуелите Бартон – Порт Вејл, Донкастер – Менсфилд, Вимблдон – Челтенхем.
Во продолжение погледнете ги сите парови од второто коло на ФА Купот.
https://twitter.com/EmiratesFACup/status/1461274363139969027
Инаку, ова сезонско издание на ФА Купот е 150-то по ред, а најмногу титули има тимот на Арсенал кој 14 пати го освои најстарото фудбалско натпреварување во светот.