Извлечени се паровите во првото коло од новото натпреварување на УЕФА, Конференциска лига. Македонија има тројца претставници. Шкупи, Струга и освојувачот на Купот, Силек, кој од следната сезона ќе игра во Втората лига.
Шкупи го доби Лапи од Косово, Силекс ќе игра против Петроклуб од Молдавија, а Струга Трим Љум ќе игра со Лиепаја од Летонија.
Првите натпревари се играат на 8 јули, реваншите се седум дена подоцна.