Се уште чекаме да заврши тековната сезона од Лигата на шампионите, но веќе се познати 22 од 32 учесници во ова елитно натпреварување во следната сезона.
Ливерпул и Реал Мадрид ќе го играат финалето од Лигата на шампионите за оваа сезона на 28 мај во Париз, а потоа ќе се фокусираме на сезоната 2022/23.
А во групната фаза ќе има 32 учесници (осум групи по четири екипи), а потоа по таа сезона ќе се смени форматот и наместо 32 ќе играат 36 екипи.
Засега се познати четири екипи од Италија, Шпанија и Германија кои ќе играат во групната фаза од Лигата на шампионите. Реал Мадрид, Барселона, Атлетико и Севиља ќе ја претставуваат Ла Лига, од Серија А доаѓаат Милан, Интер, Наполи и Јувентус, а од Германија Баерн, Баер, Борусија Дортмунд и Лајпциг.
Засега сигурен е само ПСЖ од Франција, Ајакс од Холандија, Манчестер Сити и Ливерпул од Англија, Порто и Спортинг од Португалија, Салцбург од Австрија, Шахтјор од Украина, шкотскиот шампион Селтик и Клуб Бриж кој доаѓа од Белгија.
Ни останаа уште 10 слободни места, а две се резервирани за екипи од Англија. Најверојатно тоа ќе бидат Челзи и Арсенал или Тотенхем. Од Франција уште едно место е резервирано за второпласираната Лига 1, додека третопласираната ќе игра во квалификациите.
Only 10 spots remain for the 2022-23 Champions League group stage ✅ pic.twitter.com/pRmErDghMn
— B/R Football (@brfootball) May 16, 2022