Вечерва во Нион се одржа ждрепката на Лигата на нации за сезоната 2022/2023.
Претходно објавивме дека Македонија е во Лига Ц во групата 4 со селекциите на Бугарија, Грузија и Гибралтар.
Останатите лиги и групи носат многу интересни дуели, а во продолжение погледнете како изгледаат сите групи од новото издание на Лигата на нации:
ЛИГА А:
Група 1: Франција, Данска, Хрватска, Австрија
Група 2: Шпанија, Португалија, Швајцарија, Чешка
Група 3: Италија, Германија, Англија, Унгарија
Група 4: Белгија, Холандија, Полска, Велс
ЛИГА Б:
Група 1: Украина, Шкотска, Република Ирска, Ерменија
Група 2: Исланд, Русија, Израел, Албанија
Група 3: БиХ, Финска, Романија, Црна Гора
Група 4: Шведска, Норвешка, Србија, Словенија
ЛИГА Ц:
Група 1: Турција, Луксембург, Литванија, Фарски Острови.
Група 2: Северна Ирска, Грција, Косово, Кипар / Естонија (победник во плеј-офот)
Група 3: Словачка, Белорусија, Азербејџан, Казахстан / Молдавија (победник во плеј-офот)
Група 4: Македонија, Бугарија, Грузија, Гибралтар
ЛИГА Д:
Група Д1: Лихтенштајн, Казахстан / Молдавија (поразен во плеј-офот), Андора, Латвија
Група Д2: Малта, Кипар / Естонија (поразен во плеј-офот), Сан Марино
Натпреварите од Лигата на нации ќе се играат во јуни и септември 2022 година. Од 2 до 14 јуни ќе се одиграат дури четири кола, а преостанатите две кола се закажани за 22-27 септември 2022 година.