Вечерва на програмата е првиот натпревар од втората полуфинална двојка во Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Виљареал. Натпреварот се игра во Англија на стадионот Енфилд. Тимот на Јирген Клоп е фаворит, но тоа беа и Јувентус и Баерн, па наидоа на мина, која им ја сервираше „Жолтата подморница“.
Ден претходно во првиот англо-шпански дуел Манчестер Сити и Реал Мадрид ги воодушевија фудбалските фанови со отворена игра и голови – домашните славеа со 4:3.
Прогнозите се дека вечерва ќе има многу „потешки“ дуели. Виљареал се покажа како исклучително тврд орев на последните гостувања во Торино и Минхен против Јувентус и Баерн.
Реванш натпреварите ќе се играат за една недела во Мадрид и Виљареал.
Тренерите Јирген Клоп и Унаи Емери се одлучија за следните тимови:
ЛИВЕРПУЛ: Алисон – Александар-Арнолд, Ван Дајк, Конате, Робертсон – Фабињо, Хендерсон, Тијаго – Салах, Мане, Дијаз.
ВИЉАРЕАЛ: Рули – Воит, Албиол, Пау Торес, Еступињан – Чукуезе, Парехо, Капуа, Кокелан – Ло Селсо, Данџума.