Пријателскиот натпревар меѓу репрезентациите на Босна и Херцеговина и Македонија ќе се одигра на 29 мај на стадионот „Асим Ферхатовиќ-Хасе“ во Сараево, со почеток во 18:00 часот. Босанската федерација ги одреди цените на билетите за овој меч.
Одредени се и цените на влезниците за овој натпревар:
- западна трибина (блокови А1, А2, А7 и А8) – 40 КМ (20 еур)
- западна трибина (блокови А3, А4, А5 и А6) – 50 КМ (25 еур)
- источна трибина – 40 КМ (20 еур)
- северна и јужна трибина – 30 КМ (15 еур)
Влезниците ќе бидат пуштени во претпродажба на 23 април, каде можност за купување ќе имаат сите навивачи кои се регистрирале на платформата https://bhff.fans/bs/.
Ова ќе биде проверка за репрезентацијата на БиХ пред патувањето на Светското првенство каде ќе игра против Канада, Катар и Швајцарија. Според одредени медиуми, поради еуфоријата со пласманот на Мундијалот се очекува на пријателскиот меч против Македонија околу 30.000 навивачи.
