Фудбалерите на Лацио и Баерн вечерва на Олимпико го играат натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Актуелниот европски шампион пристигнува во Рим како фаворит, но сигурно е дека играчите на Лацио нема лесно да се предадат и веруваат дека можат да направат изненадување.
Клубот од Рим сака да извлече добар резултат пред реваншот што ќе се игра во Минхен следниот месец, но нема да им биде лесно.
Двајцата тренери ќе ги испратат најсилните екипи на теренот, а италијанските медиуми веќе објавија во кои екипи вечерва најверојатно ќе играат Лацио и Баерн.
Веројатна постава на Лацио: Реина, Патриќ, Ацерби, Мусакио, Лазари, Леива, Маручиќ, Милинковиќ-Савиќ, Луис Алберто, Кореа, Имобиле.
Веројатно составот на Баерн: Нојер, Суле, Боатенг, Хернандез, Дејвис, Кимих, Алаба, Сане, Горецка, Коман, Левандовски.