Изминатиот викенд беше видена малку неверојатна сцена.
На средбата на Волфсбруг и Арминија од Билефелд вниманието на режисерот го привлекоа тројца идентични обожаватели на популарните Волци.
Имено, тројца браќа со идентичен изглед се големи навивачи на Волфсбург и редовно ги следат натпреварите на саканиот клуб.
Последен пат кога беа снимени како заедно го гледаат натпреварот против Арминија, се издвојуваа само по еден детал, иако практично беа идентично облечени.
Wolfsburg has a history of cloning fans pic.twitter.com/uPii7QPugN
— Tobi (@_2beers_) April 11, 2022
Дека не се работи за монтирана фотографија потврдува и еден детаљ врз основа на кој тројцата браќа се разликуваат. Станува збор за рамка за очила кои имаа нијанси на жолта, бела и црна боја.
Интересно е тоа што ова не е прв пат тројцата браќа да го свртат вниманието кон себе откако направија нешто слично пред неколку години.
Инаку, Волфсбург го реши мечот против Арминија во своја корист со 4:0, ја прекина серијата од три последователни порази и ги надмина грижите за опстанок.