Фабрицио Романо во средата објави дека дефанзивецот на Манчестер Сити, Мануел Аканџи, е многу блиску до трансфер во Галатасарај, но она што следеше ги шокираше љубителите на фудбалот ширум светот – се огласи фудбалерот, а објавата беше избришана!
Имено, Фабрицио Романо, најпознатиот фудбалски инсајдер, рече дека понудата од 15 милиони е прифатена и дека остануваат само уште неколку ситни детали за договорот да биде потпишан, но следуваше шок.
Имено, на самиот пост за трансферот со коментар се јави самиот Аканџи, кој напиша дека не знае ништо околу тоа што го напишал. Веднаш потоа Романо го избриша постот поради што следуваа многу реакции, пред се негативни од неговите следбеници на социјалните мрежи.
